Насловна / Архитектура / Stufish проектираат шестоаголна арена за турнејата на ABBA

Stufish проектираат шестоаголна арена за турнејата на ABBA

Британското архитектонско биро Stufish ја откри првата слика од привремено место за настап, кое ќе биде домаќин на турнејата на шведската поп група ABBA во Queen Elizabeth Olympic Park во Лондон, јавува Dezeen.

Stufish е тим архитекти за забава со амбициозна и пионерска работа, кој истражува нови начини да ја инспирира публиката и посетителите, од музички искуства до театарски претстави, изложби и згради.

aba_resize

Шестоаголната арена со капацитет од 3.000 посетители ќе биде изградена од дрво и ќе биде домаќин на виртуелната турнеја на групата од 27 мај 2022 година, по објавувањето на ABBA Voyage – првиот албум на бендот во речиси четири децении.

Проектирана да биде демонтажна и пренослива, арената има дозвола да се наоѓа во источен Лондон пет години.

Иако се објавени само неколку детали за арената, таа е проектирана да биде домаќин на виртуелната турнеја на која членовите на бендот ABBA ќе настапат како „дигитални аватари“ дизајнирани од Industrial Light & Magic.

Покрај концертната сала, локацијата ќе вклучува благајни, тезги, тоалети, барови, складишта и содржини зад сцената.

„Местото е изградено околу безвременската музика на ABBA и концерт кој досега не е виден, можете да го поминете времето во посета или по желба да имате место во гледалиштето. Можете дури и да се забавувате со стил во своја кабина за танц“, се вели во соопштението на ABBA Voyage.

cina_resize

Stufish создаде и многу други места за изведби на локации ширум светот. На островот Хенгкин, Кина, бирото завитка театар во златна фасада, имитирајќи ја формата на традиционалните циркуски шатори.

рс1_resize

Исто така, работеше на сцени за многубројни водечки музичари, вклучувајќи ги Rolling Stones, Beyoncé + Jay-Z и многу други. Студиото неодамна инсталираше ротирачка 10 метарска сфера на сред сцена за британскиот поп бенд Take That.

td_resize

бѕ_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top