Насловна / Вести / Стопирана изградбата на зграда кај Мајчин дом

Стопирана изградбата на зграда кај Мајчин дом

Општина Аеродром ја запре изградбата на зградата кај Мајчин дом во рок од 15 дена. Градоначалникот Златко Марин утрово издал решение за стопирање на градежните работи и ќе преговара со инвеститорот за да се договорат што понатаму.

IMG_20181009_174708

“Граѓаните се во право. Целосно ја поддржувам нивната борба за јавниот простор и сум целосно на нивна страна. Од нив сум избран да ги решавам проблемите со кои заеднички се соочуваме и токму тоа го правам. Денес имав средба со инвеститорот кој мора да биде вклучен во барањето на решението. Го информирав него, а сега ја информирам и јавноста дека издавам решение за стопирање на градбата. Градбата е стопирана, влегуваме во барање решение низ дискусија“, рече Марин.

Zlatko-Marin-2

Марин ја стопира изградбата поради тоа што неговите инспектори денес регистрирале неправилности на градилиштето.

За во петок, градоначалникот најави вонредна седница на општинскиот совет. Таму заедно со невладините и сите заинтересирани жители ќе разговараат и ќе се обидат да најдат решение на ситуацијата.

На седницата на 12 октомври би се дискутирало за целиот ДУП И10, хронологијата на настаните и неговото носење.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top