Насловна / Вести / Стан претворен во современо гнездо

Стан претворен во современо гнездо

Современо уредување на станови – сè повеќе се бара од нашите клиенти. Така и овој стан со површина од 100 квадратни метри за четиричлено семејство со урбан начин на живот и навики е претворен во современо гнездо, каде секој станар има свој простор во кој е подреден и на поединечните барања, но и на заедничкото живеење на семејството и преплетување на потребите.

02_MG_4696

Станот е функционално решен, поделен на две засебни целини со можност да функционираат непречено. Влезот во станот е поставен централно, станот со ходник е поделен на интимен дел каде се сместени родителската спална соба и двете детски соби и од другата страна на ходникот, јавниот дел кој е наменет за заедничкиот живот на семејството, каде се добредојдени и нивните пријатели, дневен престој, трпезарија и кујна. Овие три различни намени се интегрирани во еден отворен, заеднички простор, соодветно се позиционирани и сите заедно формираат функционална целина. На овој начин е постигната отвореност и поврзанот на просторот, повеќе светлина и ускладеност на боите и материјалите во оваа станбена единица.

013_MG_4660

Дневниот престој е најсветлиот дел од станот, а боите се природни, главно топли и светли со исклучок на темносивата нијанса на кујнските елементи.

При уредување на дневниот простор употребени се неутрални тонови, иверица-дрво декор, обработка на ѕидови со обложување со декоративен камен, како и завршна обработка на ѕидови со декоративна техника на бетон.  Сето тоа дополнето со камин кој создава топла и пријатна атмосфера за целото семејство.

09_MG_4682

Кујната е од медијапан, со чиста бела хоризонтала на плотната на која ѝ се спротивставува темносива боја на елементите со идеја, бојата да ја истакне кујната и да ја нагласи нејзината функција. Темните кујнски елементи и убаво декорираните светлечки тела се единствените темни нијанси во овој простор.
Самата диспозиција на станот е со ниши кои се вклопени во дизајнот со декоративни полици изработени од дрво во комбинација со метал. На плафонот во делот кај нишите и над работниот дел во кујната поставени се декоративни иверици со дрвен дезен во боја на даб, во висина на гредата која ги врамува, кои визуелно го делат просторот и придонесуваат на ентериерното уредување.

010_MG_4679

Изборот на кожната гарнитура во дневниот престој и трпезариската маса со тапацирани столови се во нијанси раководени од целосната слика на просторот со апострофирање на чувство на комфор и употребливост.

Одиме од другата страна на ходникот во приватниот дел од станот. Прво во родителската спална соба која го продолжува континуитетот од дневниот престој во однос на неутралните тонови. Употребена е иверица-дрво декор и иверица фарбана во боја. Овде тоновите се за нијанса потемни, темнокафеавиот ѕид над брачниот кревет го нагласува најзначајниот дел од просторот, оној за одмор. Целиот дизајн е комплетиран со внимателно одбрано светло (примарно и секундарно, суптилно).

А потоа во детските соби, кои како што ѝ наликува на возраста се обработени со посмели бои и колоритен дизајн.

022_MG_4621
Тука имаме полици изработени од иверица фарбана во боја, работна маса, потоа поставување на весел принт како и обрабока на сегмент од ѕидот со завршна техника -како табла за пишување која ја поттикнува креативноста на детето. Во согласност со барањата на нашите клиенти како дел од ентериерното решение е и ѕвезденото небо кое претставува особена радост за најмладиот член на семејството. Другата детска соба за повозрасното дете е посмирена, поелегантна. Преовладува минимализам со бела боја и чисти, јасни и прецизни линии со што делува дека просторот е излеан од едно парче. Просторот е поделен на два дела, две места, место за одмор и место за учење, меѓусебно одвоени со транспарентни полици. Единствен елемент кој се одвојува од просторот е принтот на лизгачките врати на плакарот, кој внесува ведрина и разиграност во собата.

021_MG_4625

Белата боја и светлите природни тонови генерално преовладуваат во овој стан. Различните бои секогаш доаѓаат, но и поминуваат, а белата боја никогаш не излегува од мода. Причините што заедно со клиентите се определивме за овие нијанси се повеќе: од тоа дека просторот изгледа поголем и посветол, до тоа дека со овие бои секогаш можете да ја промените бојата на мебелот и станот повторно да биде нов и современ. А за просторот да биде поинтересен комбиниран е со материјали со интересна структура, како што во овој случај е текстура на бетон, камен и дрво.

015_MG_4654

024_MG_4617

Model

ТИМ НА БИРО ПРОЕКТ

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top