Насловна / Архитектура / Стаклени сепареа за социјално растојание во ресторан

Стаклени сепареа за социјално растојание во ресторан

По привремената суспензија поради пандемијата на коронавирус, рестораните и кафулињата низ целиот свет повторно се отворија, но со одредени мерки на претпазливост. Социјалното растојание е еден од основните услови за работа на објектите, така што угостителите почнуваат да експериментираат со нови начини за обезбедување растојание меѓу гостите. Еден од најиновативните е ресторанот „Медијаматик“ во Амстердам, со сепариња во форма на мали стаклени куќи.

separe
Serres séparées, како што ги нарекуваат, се всушност мали стакленици, поставени во градината на ресторанот, веднаш до реката Остердок, кои овозможуваат романтична вечера за двајца или дружење со мала група пријатели, но со почит кон здравствените мерки.

separe1
Ресторанот „Медијаматик“ моментно ја тестира оваа идеја, бидејќи угостителските објекти во Холандија се отвораат на 1 јуни. Тестот вклучува и други заштитни мерки, како што се сервирање храна на долги дрвени табли, со што ќе се обезбеди пропишано растојание од 1,5 метри, пишува Designboom.

separe2
“Ние сакаме луѓето да продолжат да се чувствуваат безбедно, да јадат заедно и да уживаат во оброкот. Сите простори се одвоени, но луѓето сепак го делат просторот и можат да јадат заедно. Ќе останеме надвор за да бидеме побезбедни. Ќе носиме и ракавици и маски“, вели Џулија Солдати, главен готвач во ресторанот „Медијаматик“.

separe4

separe3

separe5

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top