Насловна / Вести / Безобразен начин на цензура на филмот „Планета на луѓе”, кој е симнат од Јутјуб

Безобразен начин на цензура на филмот „Планета на луѓе”, кој е симнат од Јутјуб

Бидејќи контроверзниот филм „Планета на луѓе”, кој е симнат од Јутјуб, Мајкл Мур прочуениот документарист и Џеф Гибс го критикувале блудниот начин на цензура.

Филмот за кој претходно пишувавме е посветен на моменталната состојба на планетата и  животната средина, но и на критика на еколошкото движење, кое според мислење на авторот на филмот тргнало по погрешен пат. Најновиот документарен филм „Планета на луѓе”, чиј продуцент е  Мајкл Мур, а режисер Џеф Гибс, тргнат е од „Јутјуб”, иако беше бесплатен. Проблем се авторските права на кадрите кои траат четири секунди, а се прикажани во филмот.

мур_resize

Спорни се аргументите за зелени извори на енергија, енергијата на ветер и соларната енергија, кои се неодржливи.

Филмот имаше околу осум милиони прегледи.

„Овој обид на тргање на нашиот филм и спречување на јавноста да го види е гаден чин на цензура од страна на политичките критичари на планетата. Ова е и злоупотреба на законите за авторски права за гасење на филмот, кој отвори озбилна тема за разговор за тоа, како делови од еколошкото движење се договориле со Вол Стрит и таканаречените ‘зелени капиталисти’”, истакнува Мур.

pl

„Апсолутно нема кршење на авторски права во мојот филм. Ова е само уште еден обид на противниците на филмот да го одземат правота на слобода на говор. Преговараме со Јутјуб, за да го решиме проблемот”, вели Гибс.

Мајкл Мур е познат по својата работа со која разоткрива бројни глобални трендови, а Гибс бил копродуцент на уште некои филмови на овој документарист.

Филмот на Јутјуб беше поставен на Денот на планетата земја и беше еден месец бесплатен за гледање.

pl11

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top