Московскиот архитект Александар Неровња познат е по своите минималистички објекти, сместени во недопрена природа, кои креират поврзување помеѓу изграденото и околината.
Во еден од последните проекти, SOL house, рускиот архитект си поигрува со традиционалната форма на куќата, а овој објект треба да биде сместен во планински предел опкружен со шума. Архитектот наведува дека тој и неговиот тим имале три водечки принципи при проектирањето – чистите форми, природни материјали и енергетска ефикасност. Ги инспирирала можноста на спојување на вообичаените, класични архитектонски форми со дивото опкружување.
Проектот сеуште не е реализиран, а направен е за фамилија или група излетници и туристи кои сакаат да уживаат во природни убавини, сместени во модерна и опремена куќа.
Масивните стаклени ѕидови се користат како огледала слични на екрани, кои ако се гледаат од одредени агли, можат целата куќа да ја направат речиси невидлива за набљудувачот.
Природата станува дел од куќата благодарејки на стаклените ѕидови. Гплемата површина од калено стакло на две нивоа, овозможува на луѓето во куќата во кој дел и да се наоѓаат, да не губат врска со околната природа, убво прикажана преку панорамското стакло.
Внатрешноста на куќата е континуирана површина, единствени две одвоени простории се спалната соба и бањата. Во текот на денот расположението и чувството внатре се менуваат, поради масивната улога на природната светлина која продира низ стаклото.