Насловна / Архитектура / Стаклена куќа на дрво изградена со благородна идеја

Стаклена куќа на дрво изградена со благородна идеја

Невообичаена куќа на дрво, наменета за релаксација, одмор, но и за организирање работилници, се наоѓа недалеку од Прага на приватен имот што се користи како пасиште за овци.

kuka

Интересно е да се напомене дека целиот проект се базира на единствена скица на архитектот Јан Тирпекл и шематски распоред на постојните дрвја, а конечниот изглед е во голема мера дефиниран за време на самиот процес на градење.

Објектот во основа се состои од три главни елементи: две независно поставени дрвени платформи и проирна фасада која е фиксирана со помош на два „прстена“ во подната и таванската зона.

kuka1

Панорамските прозорци овозможуваат целосен преглед од 360 степени, а правењето на овој кружен стаклен прозорец беше вистински предизвик. Сепак, со цел да се обезбеди приватност на жителите, беше поставена завеса над целиот обем на прозорецот.

kuka2

Во куќата може да се влезе преку скалило што личи на дрвена таванска скала. Кога ќе влезете во внатрешноста на објектот, ќе најдете само неколку столови, кревет, лежалка и камин, што е сосема доволно за пријатен краткотраен престој во ова засолниште, пишуваат архитектите за ArchDaily.

kuka3

Сопствениците одлучија секој што сака може да ја посети оваа куќа и е слободен да го стори тоа со претходно известување. Сепак, примарната цел на изградбата на куќата не е да се одмори во природата, туку да се создаде место каде што ќе се одржуваат предавања за садење дрвја и да се примени тоа знаење двапати годишно.

Идејата е да се обнови локалната шума на овој начин, а луѓето да не бидат само посетители на местото, туку и да станат активни во нејзиното проширување.

kuka4

kuka5

kuka6

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top