Насловна / Арт и дизајн / Француски уметник во име на единството со огромна слика во Истанбул

Француски уметник во име на единството со огромна слика во Истанбул

Францускиот уметник Guillaume Legros, познат како Saype во понеделникот ја заврши својата слика на огромни раце кои се држат, нацртани на зелени полиња во Истанбул, инспирирана од вредности како добра волја, оптимизам и заедништво.

6_resize

Како дел на својот проект „Beyond Walls“, инициран минатата година за создавање на „најголемиот човечки ланец“ ширум светот, Saype избрал две места на европскиот и азискиот дел на Истанбул и голем пловечки брод.

7_resize 1_resize

„Истанбул е осма фаза од проектот, кој досега опфати седум земји и ги поврза Европа и Азија“, изјави Saype.

Првата фаза од неговите цртежи во градот беше спроведена на Универзитетот Bogazici University, покрај Босфор, од европска страна, а втората беше сликана над зелено поле во областа Beykoz во азискиот дел.

„Сега сме на голем брод долг 87 метри, прекриен со природна зелена трева, кој може да плови меѓу Азија и Европа“, вели уметникот.

Според него, бродот симболично ќе го поврзе ланецот поминувајќи го Босфорскиот мореуз од Европа до Азија.

9_resize

„Ние сме во момент од историјата кога многумина се затвораат кон надворешниот свет, како градење огромни sидови меѓу луѓето“, вели уметникот. „Но, човештвото може да се носи со сложените предизвици само ако е заедно и обединето“.

Затоа, со овој проект, тој сака да изгради „мостови“ меѓу поединци, општества и култури на различни континенти, промовирајќи ја вредноста на единството.

3_resize

Уметникот и неговиот тим ќе отпатуваат во уште најмалку 30 земји за да го завршат ланецот и „разбијат sидовите кои ги подигнаа минатите генерации и да го изградат, рака под рака, универзалниот град на иднината“, вели Saype.

4_resize

Saype е познат по своите масивни уметнички дела на трева, изработени со еколошки материјали. Додека ја создавал сликата во Истанбул, тој користел биоразградливи пигменти направени од јаглен, креда, вода и млечни протеини.

8_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top