Насловна / Архитектура / Стадион на Заха Хадид е прв што ќе биде направен од дрво

Стадион на Заха Хадид е прв што ќе биде направен од дрво

Откако во 2016 година беа откриени идејни планови за новиот дом на фудбалскиот клуб од англискиот град Глостерстер да биде целосно изграден од дрво, три години подоцна конечно беше одобрен и прелиминарниот дизајн.

stadion

Новиот дрвен стадион ќе го формира центарот на проектот Еко Парк во англискиот град Глостерстер, кој планира да формира 100 хектари голем спортски и еколошки деловен парк. Покрај тоа што стадионот ќе биде новиот дом на клубот Грин Роверс клуб, ќе понуди и нови капацитети на локалната заедница.

На локацијата ќе се обезбеди и простор за понатамошно ширење на енергетската компанија Ecotricity, чиј основач е исто така и претседател на клубот Форест Грин Роверс. Развојот на Еко Паркот вклучува предлог насочен кон зачувување на природата, како и предлог за развој на центар за јавен превоз.

stadion1

Фудбалскиот стадион, чиј проект го потпишува Zaha Hadid Architects, ќе биде првиот од ваков вид во светот што ќе биде изграден скоро целосно од дрво. Ламелираното дрво, кое е многу издржливо, безбедно и може да се рециклира, е избрано како примарен градежен материјал.

Според презентираниот проект, се планира да се создаде најдобра можна врска меѓу навивачите и играчите, така што првите редови на трибините ќе бидат на само пет метри од теренот. Планирано е и објектот да има флексибилна конструктивна шема, за да со текот на времето може да се додадат уште пет илјади места.

stadion2

Исто така, се планира дека објектот ќе биде јаглеродно неутрален или дури и негативен со употреба на производство на обновлива енергија и на тој начин ќе се покаже дека архитектурата на овој вид објекти може да биде и ефикасна и убава.

Се разбира, дури и оваа дрвена зграда не може да се направи без бетон и челик. Овие материјали ќе се користат за создавање на темелите, како и на трибините. Сепак, сè друго е изградено од ламелирано дрво, што досега не било видено за предмет со ваква големина.

stadion3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top