Насловна / Вести / Спој на традиција и модерно во бетонските мијалници на Kast Canvas

Спој на традиција и модерно во бетонските мијалници на Kast Canvas

Оваа колекција се состои од три модела на мијалници во различни бои и димензии.
Британскиот бренд Kast ја претстави својата нова серија од програмата за бањи. Програмата се состои од бетонски мијалници инспирирани од традиционални модели.

44

Колекцијата нуди алтернатива на стандардните санитарии. Дизајнот може да придонесе за подобрување на визуелниот идентитет на секоја бања и да и даде оригинален изглед.
Мијалниците ги красат убави бои, но и релјефните шари кои им даваат единствен изглед.

33

Kast Canvas линијата ја сочинуваат два правоаголни и еден кружен модел на мијалници, а ги карактеризира релјефна шара. Секој од моделите може да се нарача во било која боја која Kast ја нуди.
Стандардните сиви тонови, кои најмногу ја истакнуваат бетонската структура исто така се достапни за нарачка.

елм
Моделот Elm претставува современа интерпретација на традиционален мијалник.

вос
Vos моделот има изразени контури со доста внатрешен простор. За разлика од моделот Elm каде славината е на ѕидот, кај овој модел таа е вградена во мијалникот.

мара
Моделот Mara е нешто помал од предходните два и е со кружна форма.

Испрати коментар

Scroll To Top