Насловна / Вести / Словенија планира дури седум хидроцентрали на Мура

Словенија планира дури седум хидроцентрали на Мура

Словенија има планови за изградба на дури седум помали проточни хидроцентрали на Мура, а првата од нив ХЕ Храстје Мота е проценета на 103 милиони евра. Државната компанија Дравске електране од Марибор, направила проценка на на инвестицијата која ги покрива вложувањата во инфраструктурата и земјиштето, како и мерки за ублажување на негативните влијанија врз животната средина. Интересн е дека Словенија како потенцијални извори на финансирање споменува 74 милиони евра од еколошкиот фонд, како и средства од кохезиските фондови на ЕУ. Во секој случај, одлуката за таа хидроцентрала не може да биде донесена додека Словенија не го усвои националниот просторен план. Претставници на иницијативата „Да ја спасиме Мура“ минатата недела, точно на Меѓународниот ден на водите, во Љубљана предале петиција со над 77.000 потписи со која бараат да не се градат овие хидроцентрали. Граѓанските организации од Словенија, Хрватска, Австрија и Унгарија, веќе со години водат кампања во која истакнуваат дека изградбата на хидроцентрали на Мура би ги загрозила специфичните еко системи кои се вбројуваат во европската заштитена програма Natura 2000, додека пак енергетскиот потенцијал на малите ХЕ е занемарлив во споредба со овие ризици. Изградбата на само една хидроцентрала на Мура би предизвикала огромна штета врз реката, тврдат потписниците на петицијата.

HE Mura 3

HE Mura 2

Испрати коментар

Scroll To Top