Насловна / Архитектура / Спој на старо и ново: Како во Кина се обновува железничка станица

Спој на старо и ново: Како во Кина се обновува железничка станица

На југот на Кина, во тек е амбициозен проект кој ги комбинира најдоброто од старото и новото, сите дизајнирани од прославеното биро MAD Architects. Според презентираните планови, проектот вклучува изградба на голема подземна модернистичка станица, како и реновирање на историската зграда на железничката станица, која ќе биде во функција на музеј. После тоа, се планира да се зазелени целата околна област и да се претвори во парк.

Kina

Проектот, наречен Железничка станица во шумата, опфаќа вкупна површина од 35,4 хектари, а потребата за тоа се појавила кога постојната станица го достигнала својот максимален капацитет за работа, а урбанистите се согласиле дека околината на станицата е лошо испланирана.

Наместо да се гради нова масивна станица на местото на постојната, што би ја окупирала целата оваа област, MAD Architects имале малку поинаков план.

Kina1

“Кинеските железнички станици се натпреваруваат да бидат поголеми. Овие се претежно високи згради опкружени со големи патишта, наметнувајќи вијадукти и плоштади кои честопати се празни. Дали е можно железничките станици да не се стремат кон голема, монументална архитектура, туку да создадат средина прилагодена на човековите потреби и пропорции? Дали е можно железничките станици да бидат повеќе од минувачки станици за патници и да станат градски јавен простор во кој луѓето можат да уживаат?“, се прашувале од MAD Architects кога ја дизајнирале оваа станица во Јазинг со половина милион жители.

Kina2

Нивниот проект се состои од нова зграда на станицата и железнички пруги, со цела низа плоштади, а се планира и пошумување на соседниот парк во соработка со Z’scape Landscape Planning and Design.

Kina3

Новата станица, како и платформите, чекалната и комерцијалните простории ќе бидат сместени под земја. Предвидено е да се додадат и автобуски и трамвајски рути и постојки, како и други сообраќајни врски со станицата, и сè е испреплетено со план за одржливост преку соларни панели, со цел да се намали потрошувачката на електрична енергија.

Kina4

Постојната железничка станица ќе биде реконструирана и претворена во музеј што ќе биде омаж на првичната станица Јазинг. Таа била дел од сообраќајната врска што се користела на Првиот кинески конгрес на Комунистичката партија во 1921 година, но најголемиот дел бил уништен во 1937 година. Архитектите од MAD се консултирале со експерти во архитектонското наследство и проучувале стари фотографии со цел да се приближат што е можно поблиску до оригиналниот изглед. Иако на приложените фотографии не се гледа дека работите на новата станица не се воопшто блиски, се очекува проектот да заврши во јули годинава. По отворањето на станицата, се очекува годишно да минуваат 5,28 милиони патници.

Kina5

Kina6

Kina7

Kina8

Испрати коментар

Scroll To Top