Насловна / Архитектура / Современа вила која е синоним за одмор

Современа вила која е синоним за одмор

Ако некогаш сте се запрашале како изгледа кога ќе се спојат шпански и скандинавски стил во однос на дизајнот и архитектурата, тогаш оваа вила е вистинскиот одговор. Оваа прекрасна градба, поточно куќа за одмор, се наоѓа на Ибица. Сместена на еден рид надвор од градот Санта Гертрудис де Фруитера со прекрасен, магичен поглед на шумата, но и на морето.вила на ибица (7)

Вилата е дело на британската архитектка Cate Watts, сопственичка на студиото Urban Village Design, а се работи за објект кој се протега на 70000 квадратни метри.вила на ибица (6)

Нејзиниот заштитен знак се препознатливте кубуси кои ја сочинуваат самата конструкција, а тука се и белината, нежните смирувачки тонови кои вешто соработуваат со минимализмот на објектот, со дрвото како материјал и веќе споменатиот скандинавски стил.вила на ибица (5)

„За мене просторот, осветлувањето и текстурата се важни како во ентериерот така и во екстериерот. Сакав, исто така, да реферирам и на традиционалната архитектура на поднебјето во кое се наоѓа вилата, како што се заоблените рабови кои преовладуваат тука“, ја објаснува Watts својата визија за овој голем проект.вила на ибица (4)

Покрај тоа, предноста на оваа куќа за одмор во шпанскиот архипелаг е и отворениот базен опкружен со природата и цвеќињата.вила на ибица (3) вила на ибица (2) вила на ибица (1)

Испрати коментар

Scroll To Top