Насловна / Архитектура / Современа интерпретација на традиционална куќа на Санторини

Современа интерпретација на традиционална куќа на Санторини

Со сјајно бела фасада во складен контраст со синото небо и вода, оваа летна вила претставува разиграна верзија на традиционална грчка куќа на море.

3
Белата, кубична структура, проект на архитектонското биро Kapsimalis Architects, замислена е како современа верзија на традиционалните бели куќи со плави прозори кои можат да се видат ширум островот Санторини.

1
Куќата, едноставно наречена Summer Villa, со вкупна површина од 600 квадратни метри, архитектите ја осмислиле како синтеза од кубични бели волумени, чија меѓусебна разиграност креира бројни простори за уживање и разонода со погледи насочени кон Егејското море.

4
Некои ѕидови имаат истакнати отвори, кои ги врамуваат различните погледи, додека одредени структури се вкрстуваат формирајќи пролази.

2
На кровот и покрај самиот објект засадени се разновидни видови трева и стебла маслинки за објектод што подобро да се вклопи во опкружувањето.

12
Меѓутоа, главната цел на проектот била дизајнот на вилата да претставува континуитет на одтатокот на хотелот. Именом вилата е составен дел на хотелот Andronis Arcadia, кој се наоѓа на Санторини, пишува Dezeen.

5
Објектот е јасно поделен на три нивоа. На последното ниво е сместен апартман за гости со директен излаз на тераса за сончање.
Заедничките простори се организирани во отворен концепт и креирани преку природни тонови и материјали.

8

Детали во ентериерот
Мебелот во вилата е воглавном од дрво или светол текстил, додека елементи како мијалниците изведени се од природен камен, а заглавието на креветот направено е од бели керамички блокови.

10
На гостите на располагање им е и теретана, која има и спа соба, а на пространата тераса каде е сместен и базенот се наоѓаат мноштво кревети и лежалки за потполно уживање.

11

6

7

9

13 14 15

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top