Насловна / Архитектура / Награда ArchD Daily & Strelka: Објавени три победници

Награда ArchD Daily & Strelka: Објавени три победници

Во вториот круг на гласање избрани се тројца добитници на наградата ArchD Daily & Strelka. Добитникот на главната награда ќе биде прогласен на 10. септември, објавува ArchDaily & Strelka Award.
Оваа награда заедно ја организираат ArchD Daily и московскиот Институт за архитектура, дизајн и медиуми «СТРЕЛКА» со цел да ја слават архитектурата и новите архитекти и идеи кои ги трансформираат современите градови.
Победниците се селектирани од читателите на ArchDaily и Strelka Mag од пократката листа од 15 архитектонски проекти кои се избрани во првиот круг на гласање.
Добитникот на главната награда ќе го прогласи уредникот на ArchDaily, David Basulto на конференцијата Future Architect која ќе се одржи во Москва во Институтот на Strelka 10. септември.

Проекти победници:

АРТКОР – Центарот за креативни индустрии, Молдавија / архитект Maxim Calujac

11
Центарот за креативни индустрии се наоѓа историскиот дел на Кишињев во дворот на Академијата на уметност (AMTAP). Новоизградениот центар треба да стане главно седиште на креативната индустрија на Молдавија. Проектот посветува особено внимание на зачувување на историскиот контекст и го трансформира дворот на академијата во пристапен и живописен јавен простор.

12

14

15

13

Фабрика за производство на кафе, Грузија / архитект Камаладзе

DCIM100MEDIADJI_0101.JPG
Со поглед на полиња и борова шума на периферијата на Тбилиси се наоѓа погон за производство на кафе, канцеларии, простор за дегустација и експонати на кафе. Со монолитна бетонска фасада свртена кон автопат, поголемиот дел од светлината влегува во зградата преку зелени атриуми и плафонски прозори. Објектот има зелен кров со што е овозможено да се стопи со околниот пејзаж.

1

2

DCIM100MEDIADJI_0107.JPG

5

Летно кино „Гаража екран“, Русија / СИНДИКАТ Архитекти

7
Сместено наспроти Центарот на модерна уметност „Гаража“, проектиран од Рем Колхас, летното кино нуди нов начин на доживување на киното.

6

8

9

10

Испрати коментар

Scroll To Top