Насловна / Вести / Соседите ќе градат нов блок во единствената нуклеарка: Во игра американски фирми

Соседите ќе градат нов блок во единствената нуклеарка: Во игра американски фирми

Бугарија покрена постапка за испитување на можноста за изградба на нов блок во единствената нуклеарна електрана во земјата, „Козлодуј“ (NPP), изјавил премиерот Борисов. Владата веќе ги завршила испитувањата на локацијата предвидена за градба на нова единица. Министерката за енергетика Теменушка Петкова, и предложила на владата да го овласти Бугарскиот енергетски холдинг (БЕХ) за разговори со енергетските компании од САД за можните опции за изградба на новиот блок.

kozloduy1

Бугарскиот премиер исто така рекол дека потенцијалниот проект би бил во согласност со долгорочната стратегија на Бугарија за диверзификација на енергетските ресурси, како и во согласност со стратегијата на ЕУ за постигнување на климатски неутрално производство на енергија до 2050 година, и приоритетите на Европскиот зелен план. „Проектот ќе биде реализиран со користење на современи технологии, со американски реактор и гориво. На овој начин ќе постигнеме стопроцентна диверзификација“ изјавил Борисов.

Нуклеарката „Козлодуј“ работи со два реактори од руско производство, со капацитет од по 1000 MW. Пред пристапувањето во ЕУ во 2007 година, Бугарија мораше да затвори четири постари блока во оваа атомска централа со моќност од по 440 MW, како одговор на Софија на загриженоста на Европската комисија за нуклеарната безбедност.

kozloduy2

kozloduy3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top