Насловна / Вести / Солунското метро – европски мега проект

Солунското метро – европски мега проект

Метрото во Солун забрзано се гради и треба да биде отворено во 2020 година. Идејата за изградба на овој инфраструктурен проект е на францускиот архитект Ернест Хебрард и има историја од речиси еден век. Посериозни активности во оваа насока започнуваат во средината на осумдесетите години од минатиот век, кога е изработен проектот, додека во 2006 година е донесена одлука да започне изградбата. Поради бројните археолошки откритија во процесот на изградбата, но секако и заради економската криза, изградбата на метрото кое веќе требаше да биде готово е пролонгирана. Интензивните изведбени активности започнаа во 2016, и се очекува во 2020 метрото да биде пуштено во сообраќај. се работи за најмодерна технологија, со која 18те возови ќе бидат автоматски управувани. Должината на метро линијата е 9,6 километри, содржи 13 станици низ кои ќе се патува преку два одвоени тунели. Овој сериозен инфраструктурен проект чини 1,5 милијарда евра. Се гради со средства од Европската Инвестициска Банка и од Европскиот фонд за регионален развој.

solun3

solun4

solun5

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top