Насловна / Архитектура / Со архитектура против корона: Како објектите ширум светот ја менуваат намената

Со архитектура против корона: Како објектите ширум светот ја менуваат намената

Кинеските, а потоа и италијанските власти, први донесоа наредба, голем број објекти како хотели, спортски сали и училишта во овој критичен период, да се адаптираат во привремени болници, наменети за лечење на болните од коронавирусот.

Во државите ширум светот во моментов се спроведуваат мерки за адаптација на државни објекти во центри за карантин. Луксузни ресорти кои сега се празни, без туристи први подлегнале на промени, исто така и касарни, спортски сали, сајмишта и поедини угостителски објекти, а се претпоставува дека трговските центри ќе бидат следни на „удар“.

Некои дури предвидуваат дека во време на пандемија на коронавирусот ќе мора да се користат и специфични локации, како камп населби со постоечки независни единици, било тоа да се бунгалови или приколки.

1

EconoLodge, мотелот во САД

Мотелите како одлични решенија за изолација

Во државата Вашингтон еден од бившите мотели од големиот ланец EconoLodge е прв предлог за таква пренамена и денес во него се сместуваат луѓе кои биле изложени на коронавирусот. Имено, овој објект веќе извесно време не се користел и во моментот на избивање на пандемијата бил на продажба.

Како што пренесува Fast Company, локалните власти го купиле објектот со намера да го користат како примарна локација за карантин. Овој објект бил еден од ретките достапни на пазарот на недвижности, а кој ги задоволува физичките потреби во него да може сигурно да се контролира болеста. Тоа значи дека сите 84 соби имаат подни облоги кои лесно се одржуваат, на собите може да им се пристапува од надвор – без поминување низ заеднички ходник и секоја соба има своја, поединечна единица за вентилација на воздухот.

Кратко кажано, овде можат заразените луѓе да се издвојат и излечат без завземање на драгоцениот болнички простор. Мотелот на локалните власти им претставувал брзо и лесно решение, со минимални интервенции, да се обезбеди сигурен смештај за болните и медицинскиот кадар. На почеток на месецов властите одредиле дека во мотелот можат да престојуваат 15 заразени, а со оглед на околностите овој број може и да се зголеми.

Ова се некои од критериумите кои мора да се задоволат за да може објектите да се пренаменат во центри за карантин:

-          Треба да имаат приватни соби со засебни тоалети

-          Површините треба лесно да се чистат и одржуваат

-          Вентилацијата не смее да ја шири заразата, треба да биде засебна

-          Пожелно е објектот да содржи или да се воведе, пристап на телевизија, мобилна мрежа и интернет, за луѓето кои се во карантин да останат во контакт со надворешниот свет

alisomer

Alisomar во Калифорниа

Карантин на висока нога

Ликсузен хотел со конференциска сала Alisomar во Калифорниа по проект на познатата Џули Морган, исто така функционира како центар за карантин за заразените патници и персоналот од крузерот Grand Princes, еден од првите жаришта на заразата. Овој потег може да се каратеризира како добар пример на пренамена на објект, кој инаку носи огромен профит, во привремен медицински центар.

Експертите од сферата на здравствена заштита предупредуваат дека светската медицинска заедница треба што побрзо да почне да размислува за иновативни начини на кои несметано и едноставно ќе се пружаат основни услуги на оние за кои се сомнева дека се заразени.

Некои од предложените мерки претставуваат и воспоставување привремени медицински единици, кои би пружале услуги на тестирање на вирусот на принципот на drive-through ресторани за брза храна, каде пациентите не би морале да излегуваат од свотие возила, што значи тестирање во автомобил.

student

Студентскиот град во Белград

Друго решение, можеби и поевтино е подигање мали монтажни единици пред болниците во кои медицинските лица би ги тестирале потенцијалните преносители на вирусот со благи симптоми, на кои се уште не им е потребна клиничка нега. За жал, овие планови ќе можат да се спроведат во дело, дури тогаш кога ќе се обезбедат доволен број тестови на коронавирусот, што е проблем кој во моментов го делиме со поголем број земји во светот.

tivat

хотелот „Камелија“ во Тиват

Во меѓувреме во регионот веќе се определени објекти каде ќе се спроведува тријажа на заболените кои се со лесна клиничка слика, каде би можеле брзо да влегуваат и излегуваат, но нивната болест да се следи од почеток до крај. Во Србија се предвидува поставување на 3.000 кревети во простори како што се белградскиот саем, Студентскиот град во Белград, спотската сала Чаир во Ниш и спортскиот центар СПЕНС во Нови Сад. Додека во Црна Гора за оваа намена предвидени се Спортскиот центар Игало и хотелот „Камелија“ во Тиват.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top