Насловна / Вести / Река која има право на глас и може да ве тужи

Река која има право на глас и може да ве тужи

Новозеландската река Вангануи која своето долго патување од  290 километри го започнува во снежниот, северозападен дел на планината Тонгариро и се влева во Тасманово море, во 2017. година станала првата река која добила права  на „легална особа“, каоко една од најважните природни ресурси на државата.

Маорите, полинежански домороци на Нов Зеланд, се бореле повеќе од 160 години легално да ја заштитат реката Вангануи. Со оваа река племињата одржувале контакт и длабока врска речиси 880 години. За нив оваа река била извор на храна, се возеле по неа во кану и граделе села на нејзините брегови.

11

Маорското почитување на предците опфаќа и потреба да се заштити природата. Тие веруваат дека луѓето и водата се во посебна врска, за што зборува и традиционалната поговорка „Јас сум река и реката е јас“.

Бидејќи со судска одлука реката е признаена како особа, тоа значи дека оној кој ќе ја загрози, го загрозува и племето.

Ако се случи било каква злоупотреба или реката биде загрозена на било кој начин, загадена или на неајзе се спроведуваат неовластени активности, реката може да го тужи извршителот. Покрај тоа ова значи дека реката може да биде сопственик и на имот, да склопува договори и да биде тужена.

10

Реката Вангануи не е единствен  природен ресурс кој добил статус на легална особа.  Паркот Те Urewera станал во 2014. година прв природен ресурс на оваа земја кој добил статус на особа.  И планината Таранаки, стратовулкан стар 120.000 години, кој е свето место на Маорите, добила ист статус во 2018. година. После одлуката која ја добила реката  Вангануи 2017. година, индијските реки Ганг и Јамуна, како и сите реки во Бангладеш добиле законски права  на „легални особи”.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top