Насловна / Вести / Смели бои исполнуваат стан во Сао Паоло

Смели бои исполнуваат стан во Сао Паоло

Боја на праска, зелена и виолетова се меѓу живите нијанси присутни во урбан стан проектиран од архитектонското биро Studio Julliana Camargo.

18

Апартманот се наоѓа во зграда во центарот на Сао Паоло. Ентериерот на станот со површина од 300 квадратни метри и со три спални соби е проектиран за модната уредничка Karine Vilas Boas и нејзиното семејство.

Локалното архитектонско биро имало за цел да создаде простор полн со „храброст и автентичност“, пишува Dezeen.

17

20

Првиот потег бил да се загради балконот и да стане дел од главниот простор за живеење.

Нишата која предходно била наменета за скара претворена е во ѕид со бујно зеленило. Темни дрвени летви се спојуваат со изложен бетонски плафон.

7

Живи бои се наоѓаат на јавните површина, од ѕид со боја на праска до шаренолика декорација.

Дневната соба е опремена со брендирани парчиња, розова софа во форма на полумесечина од Decameron Design и светло зелени фотелји од Jean Prouvé за Vitra. Стаклената масичка за кафе е на Julliana Camargo.

На подот е поставен голем килим од Punto e Filo со шарена, геометриска шема, додека современи уметнички дела ги красат ѕидовите.

Мебелот е избран во соработка со клиентот. „Вклучувањето на клиентот беше важно за да се даде личен печат на изборот на мебел“, велат архитектите.

1

8

Во кујната, клиентот побарал нијанси на зелена боја кои би биле во дијалог со другите нијанси во станот.

За вратите на кујнските елементи користена е боја на мента, додека за лицето на фиоките е избран жад. Ѕидот е обложен со смарагдни керамички плочки со сјајна завршна обработка, изработен од бразилската компанија Antigua.

2

9

На одредени места избегната е бојата, како би се создала визуелна рамнотежа и задржало вниманието насочено на декорот.

Потивок амбиент е присутен во главната спална соба, која има бетонски ѕид, под од дрво и студена палета на бои. Во бањата е користен бразилски мермер.

14

Во детските соби, тимот вградил разиграни елементи, како што е кревет  во облик на куќа и весели полици и тапети.

„Можно е јасно да се види детството, со елементи кои имаат практични функции, но кои ја красат собата“, велат од Studio Julliana Camargo.

4

12

13

16

6

5

15

10

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top