Насловна / Арт и дизајн / Smeg лансира нов фрижидер со цртеж на Снупи

Smeg лансира нов фрижидер со цртеж на Снупи

За својата најнова соработка, познатиот италијански бренд Smeg се здружи со Peanuts за да ја прослави својата 70-годишнина.

Како дел од партнерството, познатиот бренд одлучил да му даде нов изглед на својот иконичен модел FAB10, кој овој пат е украсен со цртеж на Снупи во ограничено издание.

3_resize

Разиграното ремек-дело го покажува Снупи како лежи на покривот на неговата позната куќа, во друштво на неговиот пријател Вудсток кој лета над него. Вкупно, само 70 фрижидери ќе бидат креирани за целиот свет.

5_resize

Smeg претходно соработуваше со брендови како што се Disney, Dolce & Gabbana и Mini, додека соработката со Peanuts е последна во оваа славна низа. Цената на фрижидерот со ограничено издание ќе изнесува 1.500 евра, а ќе може да се купи исклучиво во нивните продавници.

1_resize 2_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top