Насловна / Вести / Најоддалечениот населен остров на планетата стана „недопирлив“

Најоддалечениот населен остров на планетата стана „недопирлив“

Островот Тристан да Куња, кој има 245 жители, прогласи заштитна зона заради зачувување на морскиот живот во област во Јужниот Атлантски Океан, три пати поголема од Велика Британија.

ostrov2

Владата на таа британска прекуморска територија, која себе си се нарекува најоддалечен населен остров на Земјата, објави дека од сега па натаму ќе бидат забранети риболов и други „активности за вадење“ на подрачјето од 627.247 квадратни километри

Тоа ќе биде најголемата „недопирлива зона“ во Атлантскиот океан и четврта по големина во светот.

Посебниот статус на големото морско подрачје ќе придонесе за заштита на милиони морски птици, вклучувајќи албатроси, како и китови, ајкули и фоки.

Заштитната зона ќе стане дел од британската програма „Син појас“, која обезбедува 27 милиони фунти за унапредување на поморската заштита на прекуокеанските територии.

ostrov1

Иницијативата досега заштити 11,1 милиони квадратни километри морска област, што сочинува еден процент од светските океани, пренесува Бета.

Тристан да Куња е најголемиот од четирите острови на истоимената британска територија и се наоѓа на 2.810 километри западно од јужноафриканскиот град Кејптаун. Го откриле Холанѓаните во 1643 година.

Велика Британија го окупирала островот во 1816 година и ја формирала првата постојана населба на таа територија. Островот бил евакуиран по ерупцијата на вулканот во 1961 година, но локалното население се вратило во 1963 година.

Испрати коментар

Scroll To Top