Насловна / Вести / Словенија стана дел од Партнерството за чист водород на ЕУ

Словенија стана дел од Партнерството за чист водород на ЕУ

Соработката во склоп на Партнерството за чист водород на ЕУ, ќе и овозможи на Словенија создавање на услови за развој на ефикасен водороден екосистем, додека зелените технологии претставуваат сериозна прилика за словенечката економија. Ова е официјалниот став на словенечката влада по повод приклучувањето на земјата кон оваа иницијатива.

Станува збор за јавно – приватно партнерство  (Clean Hydrogen Joint Undertaking) кое поддржува истражување и иновации во секторот на водородни технологии во Европа. ЕУ издвоила милијарда евра за Партнерството во периодот 2021-2027 година, на што се очекува најмалку уште толкав износ од приватни инвестиции. Освен тоа, Европската комисија најави дека преку REPowerEU планот ќе обезбеди дополнителни 200 милиони евра за Партнерството за удвојување на бројот на водородни долини во ЕУ до 2025 година. Словенија, заедно со Хрватска и една италијанска провинција, го развива проектот „Долина на водород на Северен Јадран“  (North Adriatic Hydrogen Valley – NAHV).

Освен трансферот на знаења, изградбата на капацитети, развојот на проекти, финансирањето, и сл., Словенија сега има можност да разменува искуства со сите институции вмрежени во ова Партнерство. Соработката отвора нови можности за зелени технологии и имплементација на решенија кои веќе се развиваат во словенечките научноистражувачки институции и во индустријата од областа на технологии со ниски и нулти емисии.

Испрати коментар

Scroll To Top