Насловна / Вести / Словенија ја гради првата фабрика за вештачка интелигенција

Словенија ја гради првата фабрика за вештачка интелигенција

Во присуство на словенечкиот премиер Роберт Голоб, како и претставници на академската и бизнис заедница, свечено е одбележан почетокот на работите на изградба на првата фабрика за вештачка интелигенција во словенија. Фабриката е планирано да биде завршена и да започне со работа за една година. Таа ќе биде сервис на стопанството, академската заедница но и на државата првенствено за потребите на вселенската програма на оваа земја.
Оваа фабрика всушност ќе биде составена од најголемиот податковен центар во државата и суперкомпјутер. Освен тоа, топлината која ќе се генерира во податковниот центар, ќе се зафати со соодветен систем за рекуперација и ќе биде одржлив извор на затоплување за жителите на Марибор.

 

Испрати коментар

Scroll To Top