Насловна / Вести / Следната деценија, клучна за енергетскиот сектор во регионот

Следната деценија, клучна за енергетскиот сектор во регионот

Регионот мора да постави нови цели во енергетиката, да обезбеди стабилни вложувања во технологиите на енергија од обновливи извори, да развие модерна индустрија на биомаса, но и да имплементира политики со холистички пристап. Дефинирањето на енергетскиот микс во согласност со Парискиот договор би создало дополнителни 485 милијарди долари кумулативен БДП помеѓу 2019 и 2050 година во регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ), открива извештајот на Меѓународната агенција за обновлива енергија IRENA. Следната деценија, како што с енаведува во извештајот, би можела да биде клучна за енергетскиот сектор во ЈИЕ.

Во ИЗВЕШТАЈОТ,  опфатени се државите членки на ЕУ – Бугарија, Хрватска, Pоманија и Словенија, како и договорните страни на Енергетската заедница – Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Молдавија, Србија и Македонија.

Како што се истакнува, енергетската транзиција подразбира постепено укинување на застарените електрани на фосилни горива и зголемување на уделот на енергија од обновливи извори во енергетскиот сектор на ЈИЕ. Многу земји од ЈИЕ често  занемаруваа одредени технологии на обновливи извори на енергија на сметка на хидроенергијата и биомасата, кои биле оценети како поефтини, но дури и со повисоки инвестициони вложувања фотоволтаичните централи и ветерниците се и натаму конкурентни решенија за производство на електрична енергија во регионот во споредба со електраните на фосилни горива, се вели во извештајот.

IRENAlogo

IRENAreport1

IRENAreport2

IRENAreport4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top