Насловна / Архитектура / Скршениот музеј во Осло посветен на Едвард Мунк

Скршениот музеј во Осло посветен на Едвард Мунк

Музејот Мунк, чиј проект е потпишан од шпанската архитектонска фирма Естудио Херерос, се наоѓа во Осло на брегот, а околната површина на водата суптилно се рефлектира на скршената фасада, што и дава дополнителна динамика. Зградата се наоѓа во модерната и експанзивна градска област Бјорвик, а нејзината модерна форма придонесува за уметничкиот карактер, како и за архитектурата на околината, пишува Wallpaper.

Oslo

Музејот Мунк се наоѓа во непосредна близина на друго обележје, познатата Оперска куќа во Осло, дизајнирана од архитектонската фирма Snohetta.

Музејот е организиран на тринаесет спрата, и е завиткан во перфорирани и проѕирни алуминиумски плочи, со идеја да се рефлектираат боите на околината што се менуваат според временските услови.

Имотот располага и со надворешна тераса и ресторан на тринаесетти кат, што им овозможува на посетителите да уживаат во градскиот пејзаж.

Музејот, исто така, може да се пофали со строго почитување на прописите за одржливост. Секаде каде што е можно, користени се рециклирани материјали, а техниките и системите за заштеда на енергија имаат целосно влијание врз намалувањето на емисиите на јаглерод.

Oslo1

Се предвидува дека по отворањето, музејот ќе биде еден од најголемите во светот, посветен на само еден уметник. Со 11 галериски изложбени простории, музејот ќе обезбеди голем простор за изложба на колекција од над 26.700 дела, вклучувајќи ги и големите фрески на уметникот, како што е Сонцето, кое беше завршено во 1909 година и е долго скоро осум метри. Изложената колекција ќе вклучува и неколку верзии на познатото дело на Мунк, Врисок (Крик).

Oslo2

На денот на свеченото отворање на музејот на 22 октомври, според презентираната програма, ќе се одржат мини концерти, разни перформанси, како и ликовни работилници, со што ќе се заврши настанот, а организаторите се надеваат дека ќе го приближат музејот до заедницата .

Едвард Мунк (1863-1944) бил норвешки уметник, типичен претставник на експресионизмот во сликарството. Тој се прослави во Германија во 20 век и имаше значително влијание врз тамошните сликари во експресионизмот. Кога го сликал „Крик“, тој бил инспириран од црвеното небо од ерупцијата на вулканот Кракатау во Индонезија во 1883 година на другата страна на светот.

Oslo3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top