Насловна / Вести / Скопје домаќин на експерти за води и хидрауличко инженерство

Скопје домаќин на експерти за води и хидрауличко инженерство

Градежниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, од вчера го организира 16-тиот меѓународен симпозиум за управување со водите и хидрауличкото инженерство (WMHE2019). На симпозиумот, кој ќе трае три дена, учество земаа истражувачи, инженери и професионалци кои работат во водостопанство и хидрауличен инженеринг.

69914407_2166879050273126_7505051292121694208_n
Темите за кои се разговараше на симпозиумот беа за Иинтегрирано управување со водните ресурси, Хидрауличко инженерство и влијанија врз животната средина, Санитарен инженеринг и одржлива употреба на вода, Хидраулични конструкции, Екохидрологија и заштита на водни тела, Стратегии и искуства за реставрација на сливот на речните сливови, Климатски промени и управување со поплави, како и Геотехнички аспекти на хидрауличното инженерство.

Учесници на симпозиумот беа експерти од областа  кои се дојдени од Словачка, Хрватска, Полска, Чешка, Србија, Австрија, Швајцарија.

69591056_2418159438507533_2184584773798723584_n

Оригиналниот билатерален симпозиум меѓу факултетите за градежништво на Универзитетот за технологија во Гдањск (Полска) и Универзитетот во Загреб (Хрватска) е раширен на партнерските универзитети: Словачки универзитет за технологија во Братислава, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитет за природни ресурси и применети животни науки во Виена Австрија како и Универзитетот за технологија на Брно во Чешка.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top