Насловна / Арт и дизајн / Откриена пирамида за која никој не знаел

Откриена пирамида за која никој не знаел

Началникот на египетската Служба за артефакти, Махмуд Афифи, објави дека археолошкиот тим открил остатоци од пирамида, кои датираат од пред околу 3.700 години, од 13-та династија.EGYPT-ARCHAEOLOGY-PYRAMID

Началникот на службата за артефакти рекол дека остатоците се најдени северно од „свитканата пирамида“ на кралот Снеферу, во кралската некропола Дашур јужно од Каиро. Тука биле погребувани дворјаните и други високи државни функционери.piramida001

Директорот на службата кој се грижи за некрополата, Адел Окаша, рекол дека се пронајдени остатоци од внатрешноста, вклучувајќи го и главниот ходник, но и камени блокови кои се покриени со украси.

„Свитканата пирамида“ се смета за еден од првите обиди на старите Египќани да направат пирамида со рамни страни.

Испрати коментар

Scroll To Top