Насловна / Вести / Што вели „бројачот“ на светската популација: Кои градови имаат најмногу жители?

Што вели „бројачот“ на светската популација: Кои градови имаат најмногу жители?

Најнаселените градови во светот, како што се очекуваше, се наоѓаат во азиските земји со најголема популација.

Факт што не изненадува е дека повеќето од најнаселените градови во светот се наоѓаат токму во најнаселените земји во светот. Според најновите податоци на сајтот World Population Review, кој ги брои жителите на светот од секунда во секунда, вака изгледа списокот на десетте градови со најголем број жители.

tok

Токио

1. Токио – 37.435.191 жители

2. Делхи – 29.399.141 жител

3. Шангај – 26.317.104 жители

4. Сао Паоло – 21 846 507 жители

5. Мексико Сити – 21.671.908 жители

delhi

Делхи

6. Каиро – 20.484.965 жители

7. Дака – 20.283,552 жители

8. Мумбај – 20.185.064 жители

9. Пекинг – 20.035.455 жители

10. Осака – 19.222.665 жители

shan

Шангај

Покрај Шангај и Пекинг, на листата се наоѓаат многу кинески градови како што се Чонгкинг, Тјенџин, Гуангоџу, но и Вухан, кој го зазеде 41-то место со околу 8,5 милиони жители.

Сепак, убедливо најголемиот град во светот е Токио, кој има 38 милиони жители кога ќе се земе во предвид целиот регион покриен со токиското метро. Осака е на 10-то место, иако има речиси половина помалку население.

mex

Мексико Сити 

Европските градови кои се истакнуваат на листата се Истанбул, на 13-то место со над 15 милиони жители, Москва, на 24-то место со над 12 милиони и Париз со околу 11 милиони. Како светски културни центри, овие градови годишно примаат и милиони странски туристи.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top