Насловна / Вести / Штип добива затворен базен

Штип добива затворен базен

Во Штип почна изградбата на затворениот базен. Дамнешна желба на штипјани е да добијат нова универзална спортска сала и затворен базен. Идејата за универзална спортска сала, тлее со децении, но освен концептите, немаше многу конкретни активности.

22

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, го презентираше проектот за затворен базен, инвестицијата е на Агенцијата за млади и спорт. Идејното решение за базенот е на проектантската куќа “Веларт” од Скопје.

23

Локацијата е во месноста Суитлак, кај кошаркарското игралиште во населбата „Деснаци“. Оваа зона, од десната страна на сообраќајницата, е во Урбанистичкиот план на градот како СРЦ „Суитлак“, а веднаш од спротивната страна е новиот објект на Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ изграден пред 4 години.

“Направивме доста големи напори во однос на обезбедување на соодветна локација, на која можеме да издадеме градежно одобрение, со цел граѓаните на Штип за првпат да имаат затворен базен, кој ќе го користат учениците од сите училишта, но и сите граѓани“, изјави градоначалникот.

26

Објектот е со димензии 30 на 20 метри, а базенот е девет на 25 метри.Реализацијата на проектот, не е важна само заради базенот, туку и заради фактот дека со ова ќе стартува и поголемиот проект за спортската зона Суитлак.

Затворениот базен, иако ќе има само четири пливачки ленти и димензии од 9х25 метри, значи со помали димензии, од веќе познатиот градски базен на отворено, сепак е важна содржина, заради можноста да се плива и во есен и во зима. Ќе има и придружни елементи, со што ќе биде адаптиран комплетно за потребите на учениците, но и на рекреативците и на спортистите.

Bazen 1

Вредноста на овој капитален проект е 38 милиони денари. Изградбата на затворениот базен е дел од владиниот проект изградба на 14 затворени пливачки базени во исто толку градови во Македонија. Согласно планот, во втората фаза ваков тип на базени ќе се градат во Кочани и во Струмица.

Bazen 2

Испрати коментар

Scroll To Top