Насловна / Вести / Почна да се гради мостот на булеварот „АСНОМ“

Почна да се гради мостот на булеварот „АСНОМ“

Градоначалникот Шилегов, придружуван од градоначалниците на општините Аеродром, Гази Баба и Центар, денеска изврши увид во градежните работи за проширување на булеварот „АСНОМ“ и изградбата на нов мост на реката Вардар. Тој ги посочи деталите за новиот мост што ќе ги поврзува овие три скопски општини и ќе го олесни одвивањето на сообраќајот во градот.

2_resize

Градоначалникот на Скопје изјави: „Општините Аеродром, Гази Баба и Центар за помалку од две години ќе бидат поврзани со нов мост и модерно булеварско решение што ќе го релаксира сообраќајот во овој дел од Скопје. Денеска вршиме увид во градежните работи, досега работевме на проширувањето на булеварот „АСНОМ“, а од утре продолжуваме со изградба на нов мост на Вардар кој ќе ги поврзува улицата „Васко Карангелевски“ во Аеродром со улицата „Индустриска“ во населбата Ќерамидница, во Гази Баба. Вкупната должина на трасата изнесува 400 метри. Самиот мост ќе биде долг 150 метри, со шест коловозни ленти, како и велосипедски и пешачки патеки од двете страни. Вредноста на договорот за изведба на оваа фаза изнесува 365,6 милиони денари со вклучен ДДВ, а се предвидува да се заврши во рок од 550 дена“.

3_resize

Тој најави и дека по овој мост ќе сообраќаат и нови автобуски линии кои дополнително ќе го намалат сообраќајниот метеж.

1_resize

Испрати коментар

Scroll To Top