Насловна / Ентериери / Шармантно поткровје во скандинавски стил

Шармантно поткровје во скандинавски стил

Ентерирерот на овој стан е дизајниран така што и во текот на долгите и темни зими има доволно светлина. Поткровјата се секогаш интересни за решавање, бидејќи „скршените“ покривни површини оставаат можности за разигрување на просторот. И ова поткровје на две нивоа од само 55 квадратни метри бил вистински предизвик за архитектите, бидејќи било потребно да се направи функционален стан со дневна соба на приземјето и спални простории на горното ниво.potkrovje-vo-stokhom-5

Тука имаме комбинација на оригиналниот трикрилен прозорец со покривните прозорци на катот без завеса, кои обезбедуваат многу светлина во станот.potkrovje-vo-stokhom-1

Станот се наоѓа во стара зграда во центарот на шведската престолнина. Задачата била поткровјето комплетно да се реновира на начин на кој се добива многу природна светлина за време на шведските зимски месеци, кои знаат да бидат мошне темни. potkrovje-vo-stokhom-2

Пријатната и топла атмосфера е постигната со комбинирање на различни материјали со живописни бои. Иако станот е осмислен во скандинавски дизајн, што јасно се гледа преку белите ѕидови и отсуството на многу мебел, тој е разигран со детали како што се слики, огледала и зеленило.potkrovje-vo-stokhom-3 potkrovje-vo-stokhom-4

Комплетниот мебел е работен по мерка, со исклучок на парчиња од „Икеа“ (тросед, маса, столици) и дизајнерски парчиња како што е интересната кожна фотелја.potkrovje-vo-stokhom-6 potkrovje-vo-stokhom-7

Кујната е направена од темносива иверица, која го дава потребниот контраст во светлиот ентериер.

Во спалната соба, до која се стигнува преку скалите со стаклени огради, организиран е и плакар скриен зад пескарена врата.potkrovje-vo-stokhom-8 potkrovje-vo-stokhom-9

Од спалната соба може да се излезе и на тераса, која е омилено место за утринско кафе.

Испрати коментар

Scroll To Top