Насловна / Арт и дизајн / Семејна куќа која восхитува со својата апстрактна форма

Семејна куќа која восхитува со својата апстрактна форма

Живописниот планински крај во јужниот дел на Полска е главната инспирација за архитектите кои работат под заедничко име KWK Promes во создавањето на овој монументален објект во функција на семејна куќа.kuka-vo-polska-10

Целиот проект претставува чувствително решение од аспект на неблагодарниот планински терен на кој тој е вграден, а за тоа сведочи и изгледот на куќата, кој не е само чиста естетика, но исто така има и важна заштитна функција.kuka-vo-polska-13

Проектот за семејна куќа восхитува со својата апстрактна форма.

Архитектите намерно и свесно проектирале куќа со малку лебдечки ефект за да се овозможи беспрекорно планинско слевање на водата, како и слободно минување на калта со што не се случуваат никакви несакани последици и евентуални оштетувања во однос на теренот и објектот.kuka-vo-polska-6

Водени од ваквите проблематики, одлучено било да не се формира градина околу објектот, односно дека постоечката природа и пејзажи се доволно достојна замена.

Идејата на проектот е основата на куќата да има што помала површина која го „допира“ теренот, додека влезот во неа е креиран со помош на подвижен праг. На овој начин, куќата може да се затвори како капсула за време на климатски неприлики. Од надвор и од внатре доминира бетонот како и стаклените ѕидови од сите страни, а тука е и минималистичкиот ентериер збогатен со низа дизајнерски парчиња – еден вид open space, кадешто секоја зона си добила свое место, а заедно формираат компактна единица.kuka-vo-polska-4

Најголемата атракција на овој по малку апстрактен архитектонски проект е изгледот и ефектот на куќата откако ќе се стемни. Имено, во подножјето на теренот се поставени LED светилки кои ја осветлуваат конструкцијата во целост, а на тој начин се добива впечаток на еден вид вселенски брод кој само што се приземји.kuka-vo-polska-2 kuka-vo-polska-3 kuka-vo-polska-5 kuka-vo-polska-7 kuka-vo-polska-8 kuka-vo-polska-9 kuka-vo-polska-12 kuka-vo-polska-1 kuka-vo-polska-11

Испрати коментар

Scroll To Top