Насловна / Вести / Секој десетти случај на рак во Европа е последица од загадувањето

Секој десетти случај на рак во Европа е последица од загадувањето

„Секој десетти случај на заболување од рак во Европа, може да се припише на надворешни фактори од кои доминира загддувањето“, се вели во извештајот на Европската агенција з аживотна средина (EEA). „Изложеноста на загадувањето на воздухот, канцерогени хемикалии, радон, УВ зрачењето и пасивното пушење, заедно можат да предизвикаат повеќе од 10% од случаите на рак во Европа“, заклучува извештајот. Овие ризици можат да се намалат со борба против загадувањето и со менување на навиките, истакнува EEA.

cancer1

Со речиси 2,7 милиони нови случаи и 1,3 милиони смртни случаи, ЕУ е потешко погодена од овој проблем од другите светски региони. „Иако ЕУ претставува помалку од 10% од светската популација, на неа отпаѓаат речиси 23% од новите случаи на рак и 20% од смртните случаи од рак во светот“, се вели во извештајот. EEA повикува на донесување на прописи и соодветни мерки со цел спречување на изложување на загадувањето и намалување на истото, со напомена дека ќе бидат потребни години за да се видат резултати.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top