Насловна / Арт и дизајн / Се продава „каубојски“ град во Нов Зеланд

Се продава „каубојски“ град во Нов Зеланд

Фановите на Дивиот Запад и патувањето сега можат да поседуваат парче од американската историја во форма на град кој изгледа како да излегол од вестерн филм во Нов Зеланд.
Градот Мелонсфоли Ранч – кој се наоѓа на парцела од 900 хектари на Северниот остров на Нов Зеланд, се продава за 7,5 милиони долари и доаѓа во комплет со десет тематски згради.

grad1
Градот е изграден во 2006 година од каубојскиот ентузијаст Џон Бодоњи како омаж во пограничниот град Вајоминг од 1860-тите.
Тој располага со „автентичен и лиценциран салон“, судница со кино, канцеларија на шерифот и билијард, се наведува на веб страната на глобалниот лидер со недвижности Sotheby’s International Realty.
Исто така има и три куќи – главната резиденција и две куќи за изнајмување во кои можат да се сместат најмногу 22 лица.

grad
Се наоѓа на шестчасовно возење од Окленд, а достапен е и хелипад. Во моментов функционира како хостел со цена од 5.000 долари за вечер.
Сепак, ова не е единствената деловна можност. Со купување на градот, добивате и цел бизнис со медот Манука.
Во текот на 2019 година, овој ранч произвел 15,5 тони мед од Манука од околу 600 кошници, изјави нејзиниот сегашен сопственик Роб Бартли.
Имотот, кој нуди разновидни активности на отворено, како што се риболов, пливање и лов, е исто така одлично место за безбедно засолниште, пишува BizLife.

grad2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top