Насловна / Вести / Саша Богдановиќ: Центар не се откажува од мораториумот за градба

Саша Богдановиќ: Центар не се откажува од мораториумот за градба

“Разочарани сме и го разбираме гневот на граѓаните по одлуката на Уставниот суд времено да го укине мораториумот за ДУП-овите за општина Центар“ вели градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ.

Уставниот суд времено го укина мораториумот што општина Центар го изгласа за вкупно 31 детален урбанистички план, се додека не ја донесе одлуката дали Општината имала уставна надлежност да воведе забрана за спроведување на ДУП-овите.

Богдановиќ вели дека „мораториумот е на сила, се додека не ја добијат одлуката од Уставниот суд“. За одлуката треба да расправа и Советот на општината и најави дека тие ќе ги преземат сите правни можности мораториумот да остане на сила додека плановите не се ревидирааат.

Sasa Bogdanovik

Мораториумот беше воведен на седница на Советот на крајот на декември 2017 година кога почна да се преиспитуваат и изменуваат постојните планови.

Досега усвоени се два нови планови за Ново Маало и за Мирче Мацан во кои од постојните планови се избришаа хотели и згради со голем габарит, а се вцртаа паркови и зеленило.

Богдановиќ го повика Уставниот суд да ја преиспита одлуката и ги повика Градежната комора и Комората на Северозападна Македонија да ја повлечат иницијативата што ја имаат пдонесено до Уставниот суд за укинување на мораториумот.

Сепак правниот вакуум што се создава од 30 дена, е доволно време за инвеститорите да поднесат барања за градење на веќе утврдените маркички за градби.

“Уставниот суд се согласува дека еден ДУП може да се смени со друг, но додека се подготви новиот план, ако во меѓувреме немате мораториум и почне да се гради по постојниот план, залудно вие ќе носите нов план. Сега со одлуката на Уставниот суд ни се ускратува можноста за мораториум“, вели Богдановиќ.

За него е исто така чудно што Уставниот суд повеќе од една година не одлучувал по иницијативата што ја поднела општина Центар, а за две месеци одговорил на барањето на Коморите за укинување на мораториумот.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top