Насловна / Арт и дизајн / Промовирана публикацијата „Културното наследство во Дебарско – Реканскиот регион“

Промовирана публикацијата „Културното наследство во Дебарско – Реканскиот регион“

Во издание на Управата за заштита на културното наследство промовирана е публикацијата „Културното наследство во Дебарско – Реканскиот регион“. Публикацијата е настаната како резултат од активностите спроведени во рамките на Пилот проектот за локален развој на Дебар и Река (ППЛР), кој се реализираше во периодот од 2010 до 2016 година, со поддршка на Советот на Европа. Главната цел на проектот беше да им помогне на националните, регионалните и локалните институции во долгорочното зајакнување на потенцијалите за социјален и економски развој преку одржливо користење на ресурсите на културното и природното наследство и креирање на регионални политики и механизми за децентрализација на овие сфери. Од оваа причина, токму Дебарско-Реканскиот регион беше избран како пилот територија за имплементација на ППЛР, поради специфичноста, автентичноста, типологијата и бројноста на објекти и локалитети кои поседуваат вредности на културно наследство.

4

Оваа публикација на едноставен и популарен начин ги презентира главните типови на недвижно културно наследство во регионот и нивните специфики, претставувајќи ја исклучително богатата градителска традиција на Дебарско-Реканскиот крај. Автори на публикацијата се: Дафина Герасимова, Дарко Николовски, Зоран Павлов, Цветанка Хаџи Пецова и Снежана Герасимова Матеска и истата е издадена на македонски, албански и англиски јазик.

2 (2)

Публикацијата е изготвена во рамките на годишната програма на Управата за заштита на културното наследство за одбележување на Европската година на културното наследство 2018, која се спроведуваше под слоганот „Нашето наследство – Европска вредност“ и мотото „Кон споделена одговорност за заштита на културното наследство“.

5

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top