Насловна / Вести / Самсунг со оперативната добивка повисока за 70 отсто

Самсунг со оперативната добивка повисока за 70 отсто

Самсунг извести дека оперативната добивка на компанијата во второто тромесечие ќе биде за 70 отсто поголема отколку во истиот период минатата година.

Јужнокорејскиот технолошки гигант во петокот ја објави проценката дека во изминатиот квартал остварил оперативна добивка од 12 милијарди долари, што претставува најголема добивка во едно тримесечие во историјата на компанијата, која за 72 отсто е поголема од истиот период минатата година.samsung

Од друга страна, пораснала и породажбата, објави компанијата, и тоа за 18 отсто, односно за 58 милијарди долари.

Поради ова некои светски аналитичари проценуваат дека на крајот од годината Самсунг ќе го смени Интел на чело на листата на најголемите светски производители на чипови.

Исто така, во изминатото тромесечие пораснала и продажбата на паметните телефони на Самсунг, вклучувајќи го и новиот Галакси Г8.

Испрати коментар

Scroll To Top