Насловна / Вести / Само обучен кадар може да го следи експлозивниот развој на новите технологии за искористување на обновливите извори на енергија

Само обучен кадар може да го следи експлозивниот развој на новите технологии за искористување на обновливите извори на енергија

Како што се зголемува светската популација, така се зголемува и побарувачката за енергија со цел да ги напојуваме нашите домови, деловни активности и заедници. Иновациите и развојот на обновливите извори на енергија се клучни за задоволително и одржливо ниво на енергија за заштита на нашата планета од климатските промени. Она што ни треба е зелената енергија- попопуларен израз кој се користи за да се опише енергијата што доаѓа од обновливите извори. Ова значи дека со ваквото производство на енергија се предизвикува мало или никакво негативно влијание врз животната средина. Овој вид на производство на енергија не испушта токсични стакленички гасови во атмосферата и драстично го намалува загадувањето.

Fotografija1_resize

Но, производството на ваквата енергија и трансформацијата на работните процеси во компаниите во оваа насока не може да дојдат без соодветни и нови занимања во секторот на обновливи извори на енергија. Пазарот има потреба од нови профили, нова квалификувана сила која ќе биде во тек со дигитализацијата и трансформацијата на работните процеси. Доквалификацијата и преквалификацијата на човечкиот капитал е еден од главните приоритети и на првиот Центар за нови вештини „#SkillsNext“ кој неодамна се отвори при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. На модерно опремена површина од 350m2, Центарот за нови вештини е инспиративен и инклузивен простор за испорачување најнови знаења и информации за специфичните индустрии и технологии во нашата држава. Концептот на просторот поддржува соработка и партнерства помеѓу индустријата, јавниот сектор, академската јавност, експертите и работна силата сила од сегашноста и иднината.

Универзитетската професорка Христина Спасевска од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), вели дека во последните десетина години се случува експлозивен развој на нови технологии за искористување на обновливите извори на енергија, од различни видови на сончеви ќелии, до нови горива, како што е водородот. Исто така брзо се наметнуваат иновативни концепти и  политики за енергетска ефикасност во производните процеси, но и кај објектите на кои припаѓа околу 40% од вкупната потрошувачка на енергија.

Потенцира дека за спроведување на сите мерки, кои секако вклучуваат користење на нови технологии, потребен е обучен кадар.

- Тоа се инженерите кои ги развиваат проектите и работниците што имплементираат, но секако и менџерите на компаниите и инвеститорите кои треба да имаат доволно знаење при носење одлуки. Формалното образование, средно или факултетско, ги опфаќа новите технологии кои рапидно се менуваат само за неколку години. Тоа создава јаз во знаењето на кадарот, кое треба да се надополнува со соодветни обуки за стекнување нови вештини, следејќи ги светските трендови во областа. Секако, формалното образование ја дава основата,  најзначајна за да може врз неа, преку процесот на доживотно учење, да се надградуваат потребните вештини-  вели професорката Спасевска.

Fotografija2_resize

Како стоиме како држава на полето на обука на нови кадри кои работат на полето на обновливите извори на енергија? Дали компаниите вложуваат во нови вештини кај своите вработени, каква помош им е потребна? Ова се едни од најважните прашања. Спасевска вели дека обуките за стекнување вештини за проектирање или изведба на проекти за обновливи извори на енергија треба да овозможат вклучување на поединци со, или без, искуство во областа.  Впрочем, социо-економскиот аспект на енергетската транзиција придава особено значење на преквалификација на работниците.

- Обуката има двојна цел, првата да овозможи да се стекнат знаеања и вештини или пак истите да се обноват, но втората, исто така значајна, е  сертифицирањето, т.е стекнувањето на подинецот со официјален документ. Компаниите организираат интерни обуки за своите вработени, а исто така секогаш има и трансфер на знаење помеѓу вработените. За тоа да се валоризира, потребно е да се напраправи препознавање на предходните знаења и вештини, што исто така ќе резултира со сертифицирање. Така, не само поединицот, туку и компанијата која ги вработува овие кадри ќе  биде препознатливива на пазарот како компанија што вработува квалификуван кадар, со што се зголемува нејзината конкурентност.

Во нашата држава досега има пет верификувани провајдери на програмата за монтер и инсталатер на сончеви панели, фотоволаични и топлински колектори, што не е случај со организирањето на обуки за останатаите видови обновливи извори на енергија, како што се биомасата, геотермалната енергија и топлинските пумпи – објаснува таа.

Проф. д-р Спасевска ќе ги држи обуките за обновливи извори на енергија во новиот Центар за нови вештини „SkillsNext”. Вели дека на јавниот повик објавен во рамките на проектот „Премостување на јазот кај вештини за создавање на нови и подобри работни места II фаза”, кој се реализира во рамките на програмата за развој на Обединетите нации (UNDP), а со поддршка на Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, објавен од Центарот „SkillsNext”, како верификуван тренинг провајдер што организира обуки за обновливи извори на енергија, беше избран Центарот за менаџирање на знаење и вештини К&С Скопје.

- Обуките за инсталатер на системи за користење на енергија од обновливи извори на енергија што ќе се одвиваат во Центарот „SkillsNext” овозможуваат стекнување на знаења и вештини што се потребни за новите занимања во областа на обновливите извори на енергија, како и запознавање со работните процеси на оперативно ниво. Тие се состојат од 4 модули за проектирање и  инсталирање на сончеви термални колекторски системи, како и проектирање и инсталирање на фотоволтаични системи. Програмата овозможува независно следење на секој модул поединечно, со прилагодување на истата за кандидати со различни предзнаења. Сертификатите со кои ќе се стекнат кандидатите по успешно следење на обуките се во согласност со одредбите за содржина на сертификатите за вештини и компетенции на Европската комисија (ESCO – European skills/competences, qualifications and occupations), меѓународниот стандард за тела што работат на сертфикација на лица МКС EN ISO/IEC 17024:2012 и националниот закон за образование на возрасни. Дополнително, сертификатот ги задоволува препораките од Европската директивата за промовирање на користење на енергија од обновливи извори на енергија, Законот за енергетика на РСМ и Правилникот за обновливи извори на енергија – објаснува Спасевска.

Fotografija7_resize

Сите актуелности, новитети и материја за е-учење, како и споделени бизнис информации од регионот ќе бидат поставени и споделени на интерактивната платформа www.skills4future.mk која ќе претставува главна точка за информирање и учење.

Од досегашните воведни обуки за новите занимања во секторот на обновливи извори на енергија има многу задоволни учесници, Еден од нив е и Стефан Трајков, дипломиран машински инженер од компанијата „Еко Солар“ кој ја посети обуката за нови занимања која се однесуваше на  хибридните фотоволтаични и термални колектори. Тој вели дека обуката имала јасна претстава која е целта, и најважно кои би биле придобивките за компаниите од темите обработени од страна на докажани експерти од соларниот сектор.

-  Посебен впечаток ми остави интеракцијата за време не предавањата како и пристапот на кој беше објаснет целиот материјал. Одлична организираноста на обуката, теоретски и практичен пристап од обучувачите кои несебично го споделуваа нивното знаење со нас со фокус на реални проекти и реални ситуации. Сигурен сум дека многу разговарани сегменти ќе бидат применливи и во секојдневното наше работење – вели Трајков.

Инаку, обновлив извор на енергија значи енергија која е одржлива – нешто што не може да се потроши или е бесконечно, како на пример, сонцето. Кога ќе го слушнете терминот „алтернативна енергија“, тоа обично се однесува на обновливите извори на енергија. Тоа значи, се однесува на изворите на енергија кои се алтернативни за најчесто користените неодржливи извори – како на пример, јагленот. Најпопуларните обновливи извори на енергија се, сончевата енергија, енергијата на ветерот, хидроенергијата, енергијата на плимата и осеката, геотермалната енергија.

Центарот за нови вештини „SkillsNext“ e отворен во рамки на проектот „Премостување на јазот кај вештини за создавање на нови и подобри работни места“, поддржан од Амбасадата на Обединетото Кралство, Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕ), ФИТР и УНДП.

Комерцијален текст

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top