Насловна / Вести / САД ја повикуваат централна Европа да ја напушти енергетската политика на ЕУ

САД ја повикуваат централна Европа да ја напушти енергетската политика на ЕУ

Министерот за енергетка на САД, Крис Рајт, ги повика земјите на централна Европа да ја напуштат официјалната енерегетска и климатска политика на ЕУ и да се придружат на неговата земја во водење на политика на „тимска енергетска слобода“.

Патот на САД, објаснил тој, прeферира енергија со цел просперитет на човекот, а сето тоа ќе води до економски раст. Тој нагласил дека климатскиот алармизам ја намалил енергетската слобода, како и просперитетот и националната безбедност ширум Европа. Критикувајќи го она што самиот го нарекол „диктат од горе надолу“, Рајт смета дека е создаден скап и недоверлив енергетски систем кој „ја брка“ индустријата и економската активност надвор од националните граници и ја прави енергијата поскапа за граѓаните.

Инаку, Трамп и неговата администрација од почетокот на мандатот значајно ја променија енергетската и климатска политика на САД. Земјата се повлече од Парискиот договор, а суспендирана е и изградбата на голем број офшор ветерни паркови. Рајт подвлекол и дека декарбонизацијата најверојатно ќе трае со генерации, а дека природниот гас и нуклеарната енергија се климатското решение за наредните децении, бидејќи даваат резултати.

Испрати коментар

Scroll To Top