Насловна / Вести / Ресторан во уметничка инсталација од тули во Кина

Ресторан во уметничка инсталација од тули во Кина

Архитектонското биро од Хонг Конг, Cheng Chung Design (CCD), проектирало ентериер  на ресторан и изложбен простор во внатрешност на купола во објектот од црвена тула наречен „50% Cloud“, проектиран од Luo Xu во малото гратче Mile City, во кинеската провинција Junan.

1_resize

Без ниту една челична шипка или шајка, оваа „утопија“ изградена на црвена почва во целост се состои од локални црвени тули и се стопува со природата. Зградата изгледа како мега уметничка инсталација и половина облак што се бранува на небото. Се одликува со цврсти фасади, закривени контури и волумени поставени на неверојатни височини.

5_resize

Ресторанот, наречен „50% Cloud Artists Lounge“, зафаќа една од неколкуте куполи кои имитираат џиновски гнезда на термити.

Влезот во ресторанот е нагласен со закривени скали кои водат до нестварен ентериер на ресторанот. Концептот е направен според блиските оризови тераси Honghe Hani, а проектот е конципиран да ја истакне уметноста која едноставно е вклопена во земјените бои и кривулестите форми на овој необичен простор.

6_resize

Внатрешниот простор се протега низ природните кривини на екстериерот, кои се карактеризирани со големи лакови и високи тавани. На крововите се врежани кружни отвори, со цел да се пропушти дневната светлина. Природните извори на светлина низ целата зграда се рамномерно распоредени, а луѓето во неа можат да ја почувствуваат меѓусебната врска на сенките на дневната светлина и облаците.

7_resize

Внатрешноста на ресторанот е намерно прочистена за да се задржи фокусот на обликот на објектот, истовремено создавајќи позадина за изложеното уметничко дело и давајќи можност на публиката да се приближи и да ужива во уметноста.

10_resize

Исто така, сите делови на ентериерот ја следат сферичната форма на објектот и положбата на отворите врежани во покривот. Мебелот е едноставен, со ладни бои и закривени линии кои не ја нарушуваат постојната форма.

17_resize

12_resize

Уметничките дела во ресторанот се од мебел по мерка до големи скулптури дизајнирани од Cheng Chung Design, а направени од уметникот Qi Songtao. Ова вклучуваат апстрактно парче слично на облак и уметничко дело изработено од метал што имитира човечка глава.

Ресторанот е само дел од комплекс од згради од тули, кои вклучуваат мултифункционална сала, уметничка галерија и хотел, чиј ентериер е исто така создаден од студиото CCD.

4_resize

3_resize 9_resize

8_resize

11_resize

13_resize

14_resize

15_resize

16_resize

2_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top