Насловна / Вести / Робот која дипли и пегла алишта за помалку од минута!

Робот која дипли и пегла алишта за помалку од минута!

Пеглањето и преклопувањето на облеката се едни од најпознатите досадни домаќински должности. Веќе лесно може да се ослободите од тоа со помош на домашниот робот наречен Foldimate, пишува „Дејли мејл”.

Висок над 90 сантиметри роботот е опремен со голем број фиоки во кои по перењето се става облеката како маици, блузи, панталони. Машината темелно ги фаќа со роботски раце, ги собира и ги реди во куп.робот за пеглање и диплење

Од компанијата соопштуваат дека на роботот му се потребни 10 секунди за преклопувањето на секоја облека. Во зависност од видот, во фиоките може да ставите меѓу 15 и 20 парчиња облека.

Се очекува уредот да чини меѓу 700 и 850 долари, и веќе може да се нарача од сајтот на компанијата со испорака во 2017 година. Во продажба во трговските синџири тој ќе биде пуштен во 2018 година.

Испрати коментар

Scroll To Top