Насловна / Вести / „Бакал“ во Брвеница кандидат за 50-те најдобри ресторани во светот

„Бакал“ во Брвеница кандидат за 50-те најдобри ресторани во светот

Позитивните коментари од посетителите и од вистинските гурмани како за амбиентот така и за стандардните услуги што ги нуди македонскиот ресторан Бакал во тетовско село Брвеница беа повод овој македонски ресторан да конкурира на изборот за 50-те најдобри ресторани во светот на светски реномираниот конкурс http://www.theworlds50best.com/, листа каде се наоѓаат најдобрите ресторани во светот, избрани според исклучителноста на угостителските услуги, уникатниот амбиент и специфичната приказна која ја креираат.BakalBrvenica

Минатата 2015 година епитетот најдобар европски ресторан го понесе каталонскиот ресторан „El Celler de Can Roca“, на браќата Рока, кој покрај со уникатниот амбиент се издвои и според оригиналните јадења, имагинативните слатки и поврзаноста со шпанските културни корени.

Во „Бакал” се чувствува духот на македонската традиција, гостопримството и љубезноста на Македонците, хедонизмот и страста за убави доживувања. Ресторанот кој се наоѓа на само 15 минути од Скопје во тетовското село Брвеница, поврзан со автопатот Скопје-Тетово, и идеално место за одмор за туристи од Србија и Косово, кои патуваат за Охрид или некое друго туристичко место во Македонија.bakal02

Ресторанот „Бакал“ има навистина посебен амбиент, тоа е угостителски објект каде се внимава на најмалите детали, а сопственикот на ресторанот Горан Симјановски со огромна страст и желба се труди сé да биде совршено и проверено. Ресторан кој не ги заборава своите скромни традиционални корени, македонската традиција, чувството за фамилијарна топлина и потребата да се понудат неверојатно вкусни јадења.

Тоа е и причината зошто во „Бакал“ секој ден на мени има свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба како дел од традиционалните македонски јадења, како и интернационална храна, како подгорче, капама, ѓомлек, но и foie gras,magre, t bone steak, tatar beef и многу повеќе, за секого по нешто. Специјално за потребите на ресторанот се одгледува органски зеленчук, домашно младо козјо сирење, а една од содржините на угостителскиот објект е и домашната пекара, каде се произведува домашен леб и бели пецива. Се прави р’жан леб од ржано брашно, мелено на камен, каде 90 отсто од лебот го содржи тоа брашно без никакви бои и адитиви, како и пченкарен леб исто така од пченка мелена на камен, а и неколку лебови по француска рецептура.

Нуди максимална интимност, а градината во него е нешто посебно. Црвени ливчиња на фотинии, липи, расцветени хортензии, и други цвеќиња и растенија од кои некои и за првпат ќе ги видите на ова место создаваат уникатен впечаток и волшебно чувство, како да се наоѓате во ботаничка јапонска градина. Амбиентот е надополнет со вештачко езерце од кое се слуша жуборот на водата, кој дава посебен спокој, а од сите страни се простира зеленило и хармонија од бои кои максимално опуштаат. По долг пат или напорен ден, нема подобро место за одмор и релаксација.

Бакал нуди топла, домаќинска атмосфера и извонредна храна што ќе го зачини вашето доживување, без разлика дали се работи за бизнис ручек, дружење со пријателите или романтична вечера со партнерот. Во преубава атмосфера секој состанок се претвора во позитивно искуство и исклучително доживување.

Затоа, ресторанот „Бакал“ претставува гастро ботаничко богатство на Македобија, место кое обединува фантазија, гостопримство и оригинални јадења, таканареченото угостителско свето тројство./крај/мф/би

Еден коментар

  1. Петко Стефановски - ул. Д. Чуповски 18/29 - Скопје

    Почитувани,

    во вашиот прилог за Брвеница давате повеќе информации, но сте ја испуштиле најважната – како да се стигне со кола до вашиот ресторан. Се надевам, дека таа информација би сакале да ја видат мнозина. Впрочем тоа би било од полза и за вас.

    Поздрав
    П. Стефановски

Испрати коментар

Scroll To Top