Насловна / Вести / Резултатите од ОХИС потврдуваат дека немало отровни супстанци во воздухот

Резултатите од ОХИС потврдуваат дека немало отровни супстанци во воздухот

Траги на метил акрилат мономер биле забележани во цевките на цистерната, меѓутоа нема отровни супстанци во воздухот и животната средина, покажала анализите на штипскиот универзитет, по истекувањето на токсична материја во фабриката ОХИС.

Министерот за животна средина Насер Нуредини и неговите соработници смируваат дека граѓаните се безбедни, бидејќи, според нив, оваа токсична хемикалија не испуштила никакви супстанци надвор.

OHIS

Притоа, тој посочи дека ќе побараат одговорност  за тоа што се случило од сопственикот на компанијата „Екоцентар 97“, кој деновиве уверуваше дека кај нив нема никаква грешка за инцидентот.

Досега, биле извршени четири контроли, при што било утврдено дека препакувањето и транспортот на опасни материи се врши согласно критериумите.

Инаку, фабриката со години има стар отпад кој се чува во кородирани буриња од најмалку 10 опасни материи за коишто треба да се изврши категоризација на отпадот, бидејќи составот не е познат.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top