Насловна / Вести / Ресторан во Хонг Конг инспириран од популарно колаче

Ресторан во Хонг Конг инспириран од популарно колаче

Еден од најпознатите и во последните години најпопуларните француски колачи macarons им послужил на дизајнерите од Хонг Конг како инспирација за внатрешноста на еден специфичен ресторан.

1_resize

Бирото NC Design & Architecture дизајнирало ресторан лоциран во азиската метропола, наречен Eat Darling Eat – „Јади драга јади“. Станува збор за специфично конципиран угостителски објект кој се опишува себеси како постмодерна лабораторија за десерти, па затоа не е изненадувачки што популарниот macarons послужол како инспирација за ентериерот.

2_resize 3_resize

Шарено, слатко и флуоресцентно

Во овој ресторан ги послужуваа своите најнови верзии на познати локални колачи, а просторот е полн со бои и форми. Се разбира, се асоцира на воздушести кремасти колачиња.

5_resize 4_resize

Дизајнерскиот тим на студиото NC Design & Architecture користел многу транспарентни флуоресцентни детали, а мебелот е направен во форма на торти. Некои столици се во форма на macarons, а некои имаат конструкција од желе. Како и да е, боите што предизвикуваат желба за слатко доминираат во просторот.

Ресторанот Eat Darling Eat е модернистички простор, кој со својот ентериер го акцентирал она што му е најважно – уживање во слатки.

10_resize 8_resize 6_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top