Насловна / Вести / Huawei планира до 2020 да оствари приходи до 150 милијарди долари

Huawei планира до 2020 да оствари приходи до 150 милијарди долари

Huawei, еден од најголемите светски производители на телекомуникациска опрема, планира до 2020 година да оствари приходи до 150 милијарди долари, што е повеќе од бруто домашниот производ(БДП) на Шпанија или Јужна Кореја, соопшти извршниот директор на компанијата Рен Зенгфеј.phone_hand
Компанијата, како што рече Рен на национална конференција на научни и технолошки иновации, во првото тромесечје го претекна Apple според продажбата на паметни телефони во Кина и сега е трета по ред меѓу светските производители на паметни телефони.
Рен наведе дека Huawei веќе има направено голем напредок во развојот на технологијата и ја истакна важноста на иновациите во децениите што следат.
Според неговите зборови, Huawei сега ќе се соочи со предизвиците и одржувањето на иновативноста.
Компанијата во моментот има повеќе од 80 илјади истражувачи и веќе долго троши повеќе од десет отсто од заработката на истражување и развој.
Рен прецизираше дека минатата година нивниот буџет за истражување изнесувал 9,2 милијарди долари, а планираат да го зголемат на околу 10 милијарди.

Испрати коментар

Scroll To Top