Насловна / Вести / Регулација на возењето на електричните тротинети – потреба или препрека

Регулација на возењето на електричните тротинети – потреба или препрека

Истражувањето на Авто-мото сојузот (ADAC) во Германија, открива загрижувачки трендови во однесувањето на возачите на електрични тротинети. Половина од пешаците не се чувствуваат безбедно на улиците, а главната причина се електричните тротинети. Мнозинството од пешаците (71%), смета дека невнимателно паркираните и пребрзо возените е-тротинети е главен проблем, додека 69% од нив укажуваат на непрописното возење по тротоари. Од друга страна, возачите на автомобили се релативно подобро оценети, иако 62% од испитаниците сметаат дека тие не обрнуваат доволно внимание на пешаците при свртувањата.

scooter1

Ваквиот тренд не е ограничен само на Германија. Во Србија, е усвоен нов Закон за безбедноста на сообраќајот, кој вклучува построги правила за возење на електрични тротинети, со оглед дека оваа проблематика не била регулирана до оваа година. Согласно овој Закон, возењето на електрични тротинети е забрането на тротоарите, а може да се возат по велосипедски патеки и ленти, додека во случај да не постојат такви, дозволено е да се возат и по улиците, но со ограничување до 50km/h. Исто така, задолжително треба да се носи кацига и елек, а забрането е да се користат слушалки при возењето. Законот наиде на различен прием кај јавноста во Србија, при што многумина реагираат дека постоечката инфраструктура не може да ги следи овие правила. Глобално овие закони се разликуваат од земја во земја. На пример, во Франција, електричните тротинети не смее да надминат брзина од 25km/h, а возачот не смее да има под 12 години. Во Сингапур е задолжителна регистрација на тротинетите, кои мора да задоволат одредени стандарди, вклучувајќи и максимална брзина и тежина. Во Нов Зеланд и Австралија, тротинетите се ограничени на посебни патеки. Во Германија, тие не смее да имаат мотор поголем од 500W, задолжително е носење кацига, како и минимална возраст од 14 години. Во Хрватска исто така задолжителна е кацига и минимална возраст од 14 години, додека максималната брзина е 25 km/h. Но, доколку се вози по тротоар (доколку нема патека), максималната брзина е ограничена на 5 km/h.

Close,Up,Of,Woman,Start,To,Riding,A,Electric,Scooter

Генерално регулацијата на овој вид на превоз е присутна во повеќе земји, а истата е поттикната првенствено од безбедносни причини, односно со цел подигање на нивото на безбедност за сите учесници во сообраќајот.

 

Испрати коментар

Scroll To Top