Насловна / Вести / Редок вид горили Крос Ривер не изумреле, ги населуваат планините во Нигерија и Камерун

Редок вид горили Крос Ривер не изумреле, ги населуваат планините во Нигерија и Камерун

Активистите за заштита на диви животни, направија први  фотографии на ретки Крос Ривер горили на планинината Мбе на југот на Нигерија.

g2_resize

Благодарение на напорите на активистите за заштита на дивите животни, направени се фотографии кои се доказ дека овој подвид не изумрел, како што тоа се претпоставувало. Опстанокот на подвидот бил загрозен со децении наназад, и тоа највеќе поради лов, а во помала мера и со исчезнување на природното станиште предизвикано од крчење на шумите поради занимавање со земјоделие.

g1_resize

Професорот Џон Етес од Градскиот универзитет во Њујорк и приматолог, кој помогнал во воспоставувањето на напорите за зачувовање на горилите пред повеќе од две децении, бил возбуден поради новите слики. „Извонредно е да се види дека овие горили на овие планини успешно се размножуваат, бидејќи во минатото имаше многу малку слики“, вели професорот.

g4_resize

Исто така додал дека многу малку се знае за тоа што се случува со размножувањето на овој подвид, па така да се видат многу млади животни е позитивен знак.

На горилите не им се заканува изумирање, туки и понатаму се размножуваат, истакнуваат научниците.

Како што наведуваат од Друштвото за заштита на диви животни во изолираното планинско подрачје во Нигерија и Камерун имало само околу 300 Крос Ривер горили.

g3_resize

Активистите сеуште не го знаат точниот број на горили кои во моментов живеат во оваа област и се обидуваат да ги следат.

Околу 50 камери поставени се уште во 2012. година во областите кои ги населуваат овие животни, но овие гориле е многу тешко да се снимат, а нивните млади досега никогаш не се фатени на камерите.

g5_resize

Сојуз на девет локални заедници соработува со Друштвото за заштита на диви животни уште од пред две децении за да помогнат во заштитата на Крос Ривер.

Крос Ривер горилите повторно се откриени во текот на 80-тите години на минатиот век, кога околу 100-тина се забележани во Нигерија, а околу 200 во Камерун.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top