Насловна / Арт и дизајн / Разрешена децениската мистеријата за натписот на Мунковиот „Крик“

Разрешена децениската мистеријата за натписот на Мунковиот „Крик“

Ситната порака скриена на познатата слика „Крик“ на Едвард Мунк (1863-1944), која ја напишал самиот уметник, откриена е по новото истражување на неговото дело, со што конечно е разрешена една од најтрајните мистерии на модерната уметност, пишува Си-Ен-Ен.

Пораката „Ова можело да го наслика само лудак“, испишана и едвај видлива во горниот лев агол на сликата, беше предмет на дебата со децении и се веруваше дека е вандалски чин од некој набљудувач на оваа слика.

Но, обемното истражување на Националниот музеј на Норвешка откри дека Мунк ги напишал овие зборови сам.

кр2_resize

Експресионистичкото ремек-дело е едно од најпознатите дела на модерното време и е опишано како безвременско прикажување на човечката вознемиреност. Мачното лице од сликата стана толку славно што неодамна доби и свои емотикони.

Кустосите користеле инфрацрвена технологија за да ја анализираат пораката додадена на готовата слика, споредувајќи ја со белешките и буквите на Мунк и проучувајќи настани за време на првото јавно прикажување на делото.

„Натписот е без сомнение на Мунк“, заклучила Mai Britt Guleng, кустос на музејот. „Самиот ракопис, како и настаните кои се случиле во 1895 година, кога Мунк првпат ја покажа сликата во Норвешка, сите укажуваат на исто“.

Делото беше предмет на опсежна конзервација во музејот во очи на јавната презентација. Сликата ретко се изложуваше откако беше украдена во 2004 година, најдена во 2006, а штетата настаната поради тоа што крадецот ја чувал во влажни несоодветни услови, станала поизразена последниве години.

кр3_resize

По првото јавно излагање на „Крик“, некои критичари остро ја нападнале вознемирувачката слика и се водела жестока дебата за менталната состојба на Мунк, давајќи и веродостојност на идејата дека некоја револтирана трета страна ја напишала својата критика за сликата.

Но, кустосите изјавија дека Мунк веројатно се одлучил за ваков додаток на сликата поради негативната критика кога првпат ја покажал сликата во неговиот роден град Кристијанија (денес Осло).

„На вечер на дискусија во Здружението на студенти, каде се верува дека бил присутен и Мунк, млад студент по медицина Johan Scharffenberg, го довел во прашање менталното здравје на Мунк, тврдејќи дека неговите слики се доказ дека тој не бил при здрав разум“, велат од музејот. „Веројатно Мунк го додал натписот во 1895 година, или брзо потоа, како одговор на пресудата за неговото дело.

Додаваат дека Мунк бил повреден од обвинението и се повикувал на тоа во записи во својот дневник.

Се подразбира дека „Крик“ е инспириран од прошетка на Мунк низ градот, додека бил во некои психички и физички тегоби.

Постојат четири верзии на сликата кои се во разни музеи и приватни колекции. Сите се работени со техника пастел или во периодот од 1893 до 1910 година.

Една верзија на сликата ја купил анонимен купувач за речиси 120 милиони долари на аукција на Sotheby’s во Њујорк во 2012 година, што тогаш претставуваше светски рекорд кога станува збор за продажба на уметничко дело.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top