Насловна / Вести / ЕУ: Од први март, нови ознаки за енергетска ефикасност на апаратите за домаќинство

ЕУ: Од први март, нови ознаки за енергетска ефикасност на апаратите за домаќинство

Европската унија од први март 2021, воведува нови ознаки за енерегeтската ефикасност на апаратите за домаќинство. Досега, поголем дел од уредите носеше ознака А, но од први март повеќето ќе припаѓаат во B или C енергетска класа, додека класата А ќе биде наменета само за енергетски најефикасните модели. Новата класификација би можела да ги изненади потрошувачите.

На пример еден комбинирал ладилник кој сега има ознака A+, од почетокот на март може да падне во претпоследната класа F. Ознаките се менуваат бидејќи уредите се се поефикасни. Поголемиот дел од уредите во продажба сега се со ознака А. Освен што се очекува со најновата енергетска ознака поголемиот дел од уредите ќе бидат C или B, класата А нема веќе да постои. Таа ќе биде резервирана за некоја блиска иднина, однодно некој понов развој на технологијата. Сите уреди по овој рок ќе мора да имаат нови ознаки, освен моделите кои веќе не се произведуваат, но ги има на складиштата или во продавниците. Трговците уверуваат дека поради новите ознаки нема да има поскапувања. Истакнуваат дека не станува збор за промена во квалитетот на апаратите, туку само во критериумите според кои се означуваат.

el1

EL2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top